Охриѓанец се заканувал на ФБ

38 годишниот охриѓанец добил кривична.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.З.(38) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, на 25.12.2020 година, на социјалната мрежа „Фејсбук“, од својот профил напишал недоличен и навредлив коментар со кој поттикнувал омраза, дискриминација и насилство према одредена група граѓани, со што ја загрозил нивната безбедност и предизвикал чувство на страв.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани