Граѓаните едногласни, охридскиот регион мора да го сочува статусот на Унеско.
Еден од триесеттината локалитети заштитени во светот како културно и природно наследство е вистинска реткост со непроценливата вредност.
Заштитата под капа на Унеско е единстевниот пат за туристичкиот развој на регионот.
– „Штом сме го добиле значи го прифатиле стручнаците а ние како обични граѓани треба да го ппочитуваме и да го зачуваме“ , вели еден охриѓанец.
– „Не би требало да се откажеме бидејќи на оваа убавина да се откажиш од статусот на Унеско не “, вели една охриѓанка.
– „Сто посто треба да се сочува за да бидеме во тие културни наследства што ги има во светот, не само во Охрид“, Вели трет охриѓанец.
Триесеиедна граѓанска организација и високообразовни институции од Алијансата за застапување и лобирање „Разбистри сѐ“ неодамна побараа вклучување на јавноста во изработката на извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион.
– „ Вака кога не е ставен на увид Нацрт извештајот секогаш постојат сомнежи и шпекулации дека не се прикажува реланата состојба со затитата на природното и културното наследство во охридскиот регион“вели Дејан Андонов, координатор на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сѐ“
– „Побаравме да го добиеме официјално нацрт извештајот за да можеме да дадеме свој придонес до институциите и до самата меѓународна институција, но тоа не е се случи“ , вели Драга Велкоска од Охрид ЅОЅ.
Клучните забелешки на Унеско се нарушувањето на автентичнста на регионот и бавното справување со дивоградбите вдолж брегот на езерото. Конечната одлука дали Охридскиот регион ќе биде впишан на Листата на Светско природно и културно наследство во опасност, треба да се очекува најрано во јули годинава.
новинар Соња Рилковска
