Тепачка на кеј, полицаец навредуван од охриѓанец

Две нарушувања на јавниот ред и мир се случиле вчера.

На 31.01.2021 година во 13.30 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од М.У.(75) врз Д.М.(62), двајцата од Охрид. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава. СВР Охрид информира дека вчера во 13.30 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, Б.У.(37) од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициските службеници кои преземале мерки од областа на безбедноста. Против него, во согласност со Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе биде поднесена пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани