Започнаа активности за уредување на дрворедите и зеленилото на сообраќајниците во градот.
Денеска екипите на ЈП “Охридски Комунaлец” вршеа кастрење и отстранување на старите и оштетени гранки на дрворедите на булевар „Туристичка“ и на улица „АСНОМ“.
Исто така, беше извршено отстранување на едно поголемо старо дрво пред Центарот за култура „Григор Прличев“ кое претставуваше опасност за минувачите.



