Министерството за животна средина ја отфрла одговорноста за струшката депонија

Министерството за животна средина ја отфрла одговорноста за струшката депонија. 

После поднесената граѓанска тужба  од Здружението на млади правници во земјава, велат дека немаат никава одговорност.  Депонијата во Струга е дива и нестандардна , а министерството не издало одобрение за локација за депонирање отпад, вината ја лоцираат во општина Струга.

– „Таа е дива , нелегална локација за неа не е издадена дозвола и верувам дека ова ќе се задржи на локално ниво. 0133 Во формирањето на овие нестандардни локации за отпад тоа си е одговорнот на локалната самоупрва“,  вели АНА КАРАНФИЛОВА ОД СЕКТОРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД ПРИ МЗЖПП.

Со граѓанската тужба се бара итно затворање на струшката депонија, бидејќи со вештачењето се докажа дека се загадува воздухот, почвата, Охридското езеро со што се загрозува  здравјето на граѓаните.

„Депонијата се наоѓа во плодното  струшко пполе и има загадување на околните плодни земјишта. Се надеваме дека судот ке ги задолжи тужените да ги спроведат овие мерки“, ВЕЛИ БОЈАН ТРПЕВСКИ  ОД МАКЕДОНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА МЛАДИ ПРАВНИЦИ.

Од 2006 година до денес не се почитуваат законите за депонирање отпадот  во Струга. Граѓаните очекуваат  судот  да ги задолжи  министерството за животна средина, општината и комуналното претпријатие  конечно  да го решат горливиот еколошки проблем во градот.

Новинар Соња Рилковка 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани