54 полициски контроли и 41 казни

Контролите биле во угостителските објекти а казните за неносење заштитни маски.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 41 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-16, Струга-05, Кичево-18, Дебар-02).
Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 54 контроли во угостителски и други објекти (Охрид-31, Струга-03, Кичево-06-, Дебар-14), информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани