Повреден пешак кај Теферич.
На 09.02.2021 во 13 часот во полициската станица Струга, пријавено е дека на магистралниот пат село Подмолје–Ќафасан, кај населбата Теферич, патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Х.И.(77) од с.Радолишта, струшко, удрило во пешакот С.Ј.(71) од селото Радолишта. Во незгодата С.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“-Охрид. Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа од полициската станица Струга, информра портаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
