На планиските премини, Стража, Буково и Ѓавато е забележан снег, како и во Маврово. Оттаму поради врнежи од снег, од утринава забранет е превоз на тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар, информираа од АМСМ.
Тие потсетија и на законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Најстудено изутрина е во Маврово, каде се измерени -13 степени, по што следат Крушево со – 11, Берово -10, Во Крива Паланка -9, во Прилеп – 7. Минус шест степени под нулата се регистрирани во Битола, Дебар, Штип и Тетово, -5 Скопје-Зајчев Рид и во Охрид, -4 во Струмица и Демир Капија, -3 во Дојран. Најмногу снег има на Попова Шапка, со 40 сантиметри снежна покривка., покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.
