СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(42) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „изнуда“ и „оштетување“.
Тој, во неколку наврати во изминатите шест месеци, со закани, на лице од Скопје му барал парични средства во износ од 600.000 денари, а во два наврата, извршил оштетување на неговиот патнички автомобил „лексус“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
