Интензивно се работи на расчистување на снегот во Охрид

Интензивно се работи на расчистување на снегот од сите улици, пешачки патеки и јавни површини во градот.

Расчистени и проодни се локалните патишта кон сите села во општината и непрекинато продолжуваат активностите за чистење на коловозот.
Ангажирана е целокупната расположлива опрема и механизација на ЈП “Охридски Комуналец” заедно со околу 70 работници кои рачно го чистат снегот.

 

-Упатувам јавна благодарност до сите работници на ЈП “Охридски Комуналец” кои во три смени, неуморно работат на терен за чистење на снегот.
Со цел да се обезбеди поголема безбедност за учесниците во сообраќајот и за пешаците, ангажирани се над 100 работници со целокупната механизација и расположлива опрема.
Исчистени и проодни се сите фреквентни сообраќајници во централното градско подрачје и периферните населби, како и сите локални патишта кон селата. Интензивно се работи за расчистување на пешачките патеки и јавните површини во градот.
Сообраќајот се одвива во зимски услови и се препорачува поголема внимателност на возачите, напиша градоначалникот Константин Георгиески на својот фејсбук профил.

 

May be an image of стоење и снег

May be an image of надвор

May be an image of снег

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани