Една година битка со корона вирусот, над 100 000 заразени и 3098 мртви во земјава

Утре се навршува една година битка со корона вирусот. Црниот биланс во земјава е  над 100 000 заразени, над 3000 починати. 

Последните денови расте бројот на заболени , се прават анализи во лабараториите на Ману. 

 

-Британскиот сој на вирусот се шири и поради тоа не е исклучена можноста на некаква форма на дополнителни мерки, на локално ниво или на територија на цела држава. Засега немаме индиции дека такви мерки треба да препорачаме, но ќе направиме дополнителни анализи. Во овој момент се прави анализа на една серија во Лабораторијата во МАНУ. Резултатите ги очекуваме следната недела и треба да дадат одговор и на зголемниот број случаи на ковид инфекции во последните неколку дена. Да продолжиме со почитување на мерките, апелирам да се придржуваме до нив во целост, вели министерот за здравство  Венко Филипче. 

Инаку во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 274
-Прилеп 79
-Кавадарци 55
-Тетово 39
-Куманово 34
-Охрид 29
-Гевгелија 26
-Неготино 25
-Велес 24
-Штип 20
-Гостивар 18
-Битола 16
-Струмица 13
-Кочани 12
-Струга и Крива Паланка по 11
-Богданци 6
-Крушево 5
-Ресен 4
-Свети Николе, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово, Кратово и Демир Капија по 3
-Кичево 2
-Берово 1
Починати се 13 лица, по 4 пациенти од Скопје (85г, 78г, 72г, 64г) и Куманово (70г, 63г, 57г, 50г) и по еден пациент од Тетово (66г), Прилеп (72г), Битола (71г), Велес (75г) и Пробиштип (83г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Регистрирани се 215 оздравени пациенти од:
-Скопје 125
-Прилеп 19
-Кавадарци 13
-Струмица 9
-Велес 6
-Битола 5
-Тетово, Куманово и Неготино 4
-Гевгелија, Делчево, Демир Капија, Кичево и Радовиш по 3
-Гостивар, Ресен, Пробиштип и Демир Хисар по 2
-Кочани, Крива Паланка и Виница по 1
Досега во земјата се направени вкупно 509.720 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 100.632, бројката на оздравени пациенти е 90.311, на починати е 3.098, а бројот на активни случаи изнесува 7.223.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани