Сообраќајците вчера казнуваа

Казнети се возачи на автомобили и моторциклист.

Вчера, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, преземајќи мерки со цел поголема безбедност во сообраќајот, регистрира пет возачи на патнички автомобили кои, на коловоз извршиле неправилно и непрописно запирање на своите возила како и еден моторциклист кој управувал мотор без заштина кацига-шлем. На возачите им се издадени прекршочни платни налози.
Полициските службеници не регистрирале такси превозници кои вршат нелегален транспорт на патници во внатрешниот сообраќај, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани