Крадци нападнале охриѓанец му одзеле мобилен и платежни картички.
На 28.02.2021 година во 21.40 часот во СВР Охрид пријавенo е дека на крстосницата помеѓу улиците „Серафим Китаноски“ и „Војдан Чернодрински“ во Охрид, две лица физички го нападнале Ф.К.(31) од Охрид и со закана му одзеле мобилен телефон и две банкарски картички, од кои подоцна подигнале 20.000 денари. СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Истиот ден, речиси идентична кражба е случена и во Струга.
На 28.02.2021 година околу 19 часот во ОВР Струга пријавено е дека на улица „Маршал Тито“ во Струга две лица пресретнале три малолетници и со закана од еден од нив одзеле мобилен телефон. ОВР Струга презема мерки за расчистување на случајот, додава Димоски.
