17 годишник загина во вчерашната сообраќајка

Момчето , од струшкото село Ливада, управувал велосипед.

Вчера во 11 часот во СВР Охрид, пријавено било дека на регионалниот пат Струга-Охрид, помеѓу селото Подмоље и Автокамот камп „Андон Дуков“, патничко моторно возило „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од К.Р.(21) од Струга удрило во 17 годишен велосипедист од селото Ливада, струшко.
Во незгодата, од здобиените повреди велосипедистот починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. К.Р. била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ каде и биле констатирани телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Охрид, соопшти портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани