Две лица се тешко повредени во сообраќајка кај село Песочан.
Сообрајќајката се случи вечерва околу 20 30 часот на магистралниот пат Охрид Кичево на потегот помеѓу селата Песочан и Издеглавје, општина Дебарца. Во несреќата учествувале две патнички моторни возила а двајцата повредени се префрлени во Специјалната болницата за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо во Охрид. Моментално полициски екипи вршат увид на местото на настанот. Дополнителни информацији во текот ја утрешниот ден.
