Несовесниот охриѓанец добил кривична пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Ц. (64) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
– На 23.01.2021 година, полициски службеници извршиле контрола и констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом со што го прекршил решението за самоизолација издадено од Државниот здравствен и санитарен инспекторат со цел заштита од вирусот Ковид 19, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
