Уште една тешка сообраќајка во струшко, пешак од Подгорци го загуби животот.
На 18.03.2021 година во 19,.3 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, кај струшкото село Велешта, патничко возило „Фолксваген Голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(36) од селото Велешта, удрил во пешакот Т.К.(49) од село Подгорци. На пат кон општата болница во Струга Т.К. им подлегнал на повредите. На местото на незгодата увид извршија јавен обвинител и полициски екипi, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
