35 возила испратени на вонреден технички ппреглед, 4 неисправни исклучени од сообраќај.
При сообраќајни контроли извршени на 18.03.2021 година во времето од 09 до 13 часот на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници на вонреден технички преглед упатиле 35 моторни возила (Охрид-01, Струга-18, Кичево—05, Дебар-11). Притоа, кај 04 моторни возила од Струга, биле констатирани технички неисправни уреди за кочење и управување. Тие се исклучени од сообраќај а возачите ќе бидат соодветно санкцинирани.
