Полицајците извршиле 101 контрола, казниле 62 лица.
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 62 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-34, Струга-05, Кичево-23). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.
– Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 101 контроли во угостителски и други објекти (Охрид-40, Струга-09, Кичево-35, Дебар-17). Во овој период, во Охрид регистрирани се две прекршувања на забраната за движење од 22 до 05 часот со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид 19. Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

