Тројцата ќе добијат пријави.
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 49 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-25, Струга-12, Кичево-11, Дебар-01). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 73 контроли во угостителски и други објекти (Охрид-17, Струга-08, Кичево-36, Дебар-12). Во овој период, регистрирани се три прекршувања на забраната за движење од 22 до 05 часот со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид 19.(Охрид-02, Струга-01) Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
