Полицијата за неносење маски, казнила 101 лице.
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 101 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-59, Струга-07, Кичево-22, Дебар-13).
– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 75 контроли во угостителски и други објекти (Охрид-26, Струга-16, Кичево-33,). Во овој период, регистрирани се три прекршувања на забраната за движење од 22 до 05 часот со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид 19 (Струга-02, Кичево-01). Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

