Казнети тројца пијани возачи

На 27.03.2021 година од 10 до 17 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се зајакнати контроли во сообраќајот.

Притоа, регистрирани се 46 пречекорувања на дозволената брзина на движење (Охрид-12, Струга-24, Кичево-10), а кај 03 возачи во Охрид утврдено е дека управуваат автомобил под дејство на алкохол. Тие се исклучени од сообраќајот, одземени им се возачките документи и се соодветно санкционирани. Полициските службеници во Охрид санкционирале 05 возачи поради непрописно паркирање на моторно возило, во Струга подигнати се 06 моторни возила непрописно оставени на коловозна лента, а во Дебар евидентирани се 04 пешаци кои небезбедно и надвор од пешачки премин преминувале коловозна сообраќајна лента, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани