Се асфалтираат улици во Лескоец

Започна асфалтирање на собирната улица во Кураичка маала во село Лескоец.

Во ова маало повеќе од 30 години во супстандардни услови живееја 250 жители. 

 

Општина Охрид минатата година овде постави и канализациона мрежа. А од наредната недела продолжуваме со асфалтирање и на други улици во селото Лескоец. Задоволството на граѓаните за продолжување на работните активности во селото беа нескриени и нивната поддршка искрено ни значи. Тоа е и мотив Општина Охрид да продолжи да работи на подобрување на условите за сите граѓани во општината, информира градоначалникот на општина Охрид Константин Георгиески.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани