Познатиот неврохируг од Охрид, д-р Митре Милошески ги повикува граѓаните да се вакцинираат што поскоро.
Никој не треба да се двоуми и да не потклекнува на антиваксиналните кампањи по социјалните мрежи. Вакцините се безбедни и одобрени.
-„Почитувани пријатели и сограѓани!
Ве молам и ве повикувам да се вакцинирате што е можно побрзо и согласно планот за вакцинации.
Особено ве молам да не наседувате на антивакциналните пропаганди.
Ок. Прифаќам. За се` има ризик, во медицината има статистика, но ве уверувам дека ако не се вакцинирате многукратно е поголем ризикот да се разболите и да не даде Господ од лош исход во однос на тоа да си се вакцинирате. Од срце Ви посакувам успешна вакцина и што побрзо заеднички да го победиме ова зло!“ , напиша на својот Фејсбук профил д-р Милошески.
.jpg)
