Шалтерот на општинската архива во Охрид со полни раце работа.
Речиси еден месец поради актуелната состојба со коронавирусот и зголемениот број заболени на подрачјето на Општина Охрид, по налог на градоначалникот Константин Георгиески, општинската зграда е затворена за посети на странки.

Сите надлежни служби работат непречено, а граѓаните кои имаат било каква потреба од општински услуги се обраќаат на активните телефонски линии и електронските адреси на одделенијата и секторите од општината, што се достапни на општинската веб-страница.

Но за граѓаните секојдневно достапен е шалтерот на општинската архива. Таму има пет вработени лица до кои граѓаните писмено да се обраќаат.

Со заштитни маски, пријатни и услужливи вработените комуницираат со граѓаните.
