Георгиески на состанок на Бирото за борба против тероризмот на Стејт департментот

Георгиески на состанок ирото за борба против тероризмот на Стејт департментот.

 

Чест ми е што денес бев дел од онлајн состанокот кој беше организиран од Бирото за борба против тероризмот на Стејт департментот, Амбасадата на САД во Република Северна Македонија и Институтот за стратешки дијалог (ИСД) од Лондон, Велика Британија.

Целта на состанокот беше да се разменат искуства од раководењето на локално ниво од страна на поранешни и сегашни градоначалници од САД, активисти на граѓанското општество и практичари од Северна Македонија.
Овој состанок беше продолжение на соработката во рамки на Мрежата на силни градови и Конференцијата на градоначалниците на САД, која се одржала на почетокот од оваа година.
Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам благодарност до Амбасадата на САД во Република Северна Македонија за поканата и можноста за соработка, изјави градоначалникот Константин Георгиески. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани