ВМРО ДПМНЕ обвинува за привремени вработувања во општина Охрид

ВМРО ДПМНЕ Охрид обвинува за осум милиони денари за нови привремени вработувања.

 

-Во услови кога критиките на невладиниот сектор, ревизорите и јавноста се насочени кон нетранспарентните трошења и заобиколувањето на законите преку авторските агенции, без политичка одговорност и чувство за тежината на функцијата Градоначалник, во услови на тешка криза кога половина чаршија е затворена, луѓе се бркаат од работа и пред пропаѓање е уште една туристичка сезона… ,,Таткото на градот” потпиша договор во висина од 8.000.000 (осум милиони) денари за привремени вработувања и со тоа стана татко само на своите послушни партиски војници.
Со оваа тура на нетранспарентни вработувања, Општина Охрид официјално е општина со најмногу вработени и втора по задолженост во државата, стои во сооппштението до јавноста од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид. 

 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани