Доделени првите сертификати Чисто и безбедно во Охрид

Доделени првите сертификати Чисто и безбедно во Охрид. 

 

Денес претседателот на Независната угостителска комора – Здравко Јосифовски заедно со Претседателот на КЛУБ ЕСНАФ од Битола – Марио Трирфуновски беа  во работна посета во Охрид каде се одржа работна средба со Претседателот на здружението ОХРИДСКИ ЕСНАФ Михаил Мишев и членките на комората и здружението.

На средбата покрај дискусиите за тековните проблеми и ситуацијата во која се наоѓа угостителската индустрија поради последната рестриктивна мерка на Владата – забрана за работа на угостителските објекти. посебно ќе биде дискутирано за проблемите во кои се наоѓаат Охридските угостители како и активностите кои можат да бидат превземени во интерес, помош и поддршка за претстојната туристичка сезона.
На средбата беа диксутирани и правилата и начините на издавањето на првиот национален македонски сертификат и печат ЧИСТО И БЕЗБЕДНО (CLEAN & SAFE), како и обврските и одговорностите кои произлегуваат од добивањето на меѓународниот сертификат и SAFE TRAVELS за кој Независната угостителска комора доби од Министерството за економија овластување за издавање на истиот.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани