Жител на Мешеишта фатен со огревно дрво без документација

Жител на Мешеишта фатен со огревно дрво без документација.

 

При контрола извршена на 18.04.2021 година во 15.30 часот на улица „Гоце Делчев“ во Охрид, полициските службеници затекнале товарно возило „Ивеко“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(36) од село Мешеишта, општина Дебарца, кое вршело истовар на огревно дрво. Притоа, било констатирано дека Н.Г. нема соодветна документација за транспортот, по што претставници од Шумската полиција ги одзела дрвата. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани