Ресен добива ковид амбуланта

Ресен добива  модуларна ковид  амбуланта.  Објектот  е во склоп на Здравствениот дом,  а во него ќе има  лабараторија, рентген дјагностика, простории за терапија  и  пункт за тестирање на ковид суспектни.

 

 Во здравствениот дом во Ресен од вториот бран на пандемијата има засебна  дневна болница за лекување на  пациенти од ковид со полесна клиничка слика, само потешките случаи се испраќаа во Битола.

„Станува збор за инфузиона терапија, за супорт на кислород набавивме и боци за кислород. Дури и пациенти кои беа неподвижни потешки преку патронажна служба, комлетно опремена  примаа терапија и во домашни услови“  , вели  Сања Андоновска директор на Здравствен дом Ресен.

Интересот за вакцинација во Ресен е голем, првата доза вакцини се потрошени, деновиве  се очекува нова пратка.

„Морам да речам дека интересот е на високо ниво и сега очекуваме да продолжиме понатаму. Вакциналниот  пункт е одвоен од редовниот вакцинален пункт. Вакцинираме и во домашни услови бидејки се работи за стари и неподвижни пациенти“ , вели  Андоновска.

Дневно во ковид одделот  во Ресен се прават од 30  до 70 прегледи на пациенти.

Во Ресен во мометов има околу 200 активни случаи на корона вирусот. За десеттина денови ќе биде отворена и  модуларната болница во склоп на Здравствениот дом.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани