Се отвораат терасите на угостителските објекти

Од денеска, до 15 мај, забраната за движење ќе почнува во 21 и ќе трае се до 5 часот наутро, одлучи Владата на вчерашната седница по препораките на Комисијата за заразни болести.

Истовремено, исклучок од забраната за движење ќе има на 1 кон 2 мај, за верскиот празникот Велигден, како и меѓу 13 и 14 мај, за верскиот празник Рамазан Бајрам. Владата усвои и измени и дополнувања на мерките за заштита и спречување на ширењето од ковид-19, па така, од денеска, сите угостителски објекти ќе можат да работат само во отворените делови, односно на терасите на објектите, и тоа до 20 часот и 30 минути.

„Компаниите од угостителската дејност регистрирани за прослави (свадби, родендени, крштевки и слично) ќе можат да ја организираат работата само како ресторани на отворено, односно на терасите, а забраната за организирање свадби, родендени, крштевки и слично, останува. Исклучок од ова се угостителските објекти на меѓународните аеродроми, како и во објектите за сместување (хотели, мотели, хостели, пансиони и друго) за лицата кои се сместени во овие објекти, кои остануваат да работат како и до сега“, стои во соопштението на Владата, каде додаваат дека во однос на овие исклучоци, ќе се применуваат веќе адаптираните протоколи.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани