Обичаи кај Албанците во Охрид и охридско

Значајни особености на историографијата за градот Охрид и охридско преставуваат различните обичаи за најважните животни случувања кај различните етникуми кои живеат на ова поднебје.

Минато преставува вешт записничар на овие обичаи и вешт чувар на обичаите и традициите во минатото кои денес со тек на модерното време дел се изменети. Албанците со своите обичаи во Охрид и охридско навистина го збогатувале колажот на она што преставува традиција и култура. Особено за нив биле и се значајни обичаите при раѓањето на новороденче, склучувањето на брак како и смртта како неизоставен дел.

Раѓање на новороденче:
– Раѓањето во албанските семејства во минатото во Охрид и охридско преставува важен животен ритуал исто како и кај другите народи. Започнува со бременоста на младата невеста со што започнуваат подготовките за нејзината облека и подготовки за доаѓањето на бебето. Кога ќе се роди новороденчето се прави двапати вечера. Првиот пат е кога самото дете ќе се роди, во поново време кога ќе дојде дома од здравствена установа и се славело со роднините. Додека втората вечера се одржува после една седмица каде што се повикуваат роднините на невестата и младоженецот.
Секој од поканетите гости имал подготвено подарок или одредена сума на пари со што се искажуваат желби за долг и живот среќен живот.
Брак
– Бракот имал и има големо значење кај албанскиот народ а со тоа и кај оние кои живееле и живеат во Охрид и охридско. Имено, големо значење на денот на бракот придаваат младоженецот и семејството на невестата. Поволните денови за свадба кај албанскиот етникум се сметаат понеделник и четврток. Свадбата која се одржува во куќата на невестата kna gege.


Овој ден е кога облеката ќе и се донесе на девојчето кое ќе се омажи и истиот ден на невестата и се става кна. Следниот ден доаѓа младоженоцот и ја зема невестата. Доаѓањето на невестата во новиот дом е проследен со целосна церемонија. Една од постарите жени фрлала шеќерно жито и монети. Вреди да се споменат церемониите за влегување на младоженецот во собата на невестата, отстранувањето на дувакот од невестата, кршење на кулачот и многу други церемонии. 

За умрените.
Кога ќе се случи смрт во некое албанско семејство веднаш се известувале роднините и го чуваат умреното лице преку ноќ. А следниот ден се кажувала веста за времето и местото на погребот преку имамот кој ја објавува веста преку гласот на минарето. Роднините се облекувале во темни бои и важно било да се потсетат на починатиот на седум дена на 40 дена и првата годишнина од смртта.
Текстот е пишуван врз основа на известувања од Мерита Муареми вработена во ДАРСМ ПО Охрид
Фотографии превземени од Wikipedia.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани