Со седумдесет и три точки на дневниот ред, денес беше одржана педесет и осмата седница на Советот на Општина Охрид. Седницата започна со дополнување и повлекување на точки од дневниот ред, по што советничката група на ВМРО ДПМНЕ ја напушти седницата.
Советниците денес усвоија повеќе одлуки кои се однесуваа на работата на основните и средните училишта во градов, јавните претпријатија и угостителските објекти. На седницата беа усвоени и повеќе одлуки за субвенционирање на занаетчии, линискиот превоз и давателите на услуги поврзани со водениот превоз и сместувачките капацитети од мал обем.
На седницата беа усвоении и повеќе одлуки од урбанистичката сфера.
-ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница најде алиби за да избега од седница и да не гласа за точката 55 со која на инвеститорите на станбени објекти им се забранува употребата на дигалки и во паркинзите со што значително се воведува ред во паркирањето и сузбивањето на урбаниот хаос. ВМРО-ДПМНЕ со денешното напуштање на седницата не гласаше и за субвенционирање на граѓаните за велосипед, субвенциите за помош на занаетчиите, линискиот превоз и давателите на услуги поврзани со водениот превоз и сместувачките капацитети од мал обем, предлог одлуки кои се однесуваа на работата на основните и средните училишта, јавните претпријатија и угостителските објекти, како и за одлуките за субвенциите за велосипеди. ВМРО-ДПМНЕ и денеска ја покажа вистинската грижа за граѓаните, истакна градоначалникот Константин Георгиески.
