Пристигнаа кинеските вакцини, од вторник масовна имунизација

Двесте илјади вакцини „Синофарм” пристигнаа изутрината во Скопје кои најдоцна до понеделник ќе бидат дистрибуирани во салата „Борис Трајковски” и во уште шест градови низ државата.

Од вторник се очекува  да започне масовната вакцинација и да се вакцинираат помеѓу 10 000 и 15 000 лица.

– Рано утрово пристигнаа долгоочекуваните вакцини од производителот Синофарм од НР Кина и дозволете да изразам голема благодарност за личниот ангажман на амбасадоро Ѕуо, понатаму за луѓето од неговиот тим со којшто комуницираме практично секојдневно целиот овој изминат период и благодарение и на нивното инсистирање оваа пратка сега е во нашата земја. Станува збор за количина од 200 000 вакцини коишто еве веќе веднаш службите ќе ги одработат соодветно во делот на проверка на ладниот ланец, ќе се сместат тука во ладната соба која што беше поставена благодарение на Фондацијата Дајрик делиф.Од тука во текот на следните денови, најдоцна во понеделник ќе бидат дистрибуирани во сите вакцинални пунктови во овие пунктови за масовна вакцинација ширум државата, во Скопје во салата „Борис Трајковски”, а во другите шест градови исто така во спортските сали. Тоа ќе биде во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола и според распоредот на веќе пријавени граѓани. Така ќе биде распределена и бројката на вакцини и процесот на вакцинација со кинеските вакцини ќе започне веќе во вторник, изјави Филипче.

Министерот за здравство Венко Филипче изрази благодарност до кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо со кого го проследија доставувањето на вакцините во поликлиниката „Јане Сандански”, најавувајќи дека месецов се очекуваат и други големи количини, уште 600.000 од Кина и 26.000 дози од „Фајзер”. Со тоа, верува дека до почетокот на летото ќе имаме висок процент на вакцинирано население што ќе придонесе за целосно менување на епидемиолошката состојба.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани