Голем број верници во Светиклиментовиот храм на Плаошник

Синоќа на полноќ , голем број верници од Охрид но и туристи од земјава и соседството веста за Христовото воскресение ја дочекаа во Светиклиментовиот храм на Плаошник. 

Со велигденкиот поздрав Христос Воскресе,  Витина воскресе и биењето на камбаните владиката Тимотеј ја обзнани радосната вест, која е темелот на христијанската вера. 

Верниците се придржуваа на препораките за заштита од корона вирусот. Се носеа заштитни маски се држеше дистанца. Повеќетобеа во дворот на Плаошник. Имаше и редари од црквата кои на влезот се грижеа за почитување на препораките. 

Верниците и годинава со иста желба, што поскоро да заврши пандемијата и да се врати животот во нормала. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани