64 годишен охриѓанец се шетал во полициски час.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ј. (64) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување спрема здравствени прописи за време на епидемија“. При контрола извршена на 22.04.2021 година, полициските службеници го затекнале пријавениот во време на полициски час при што, утврдиле дека нема дозвола за движење со што, ја прекршил забраната за движење на населението во времето од 20 до 05 часот.
