Општина Охрид издава простор за поставување урбана опрема за комерцијално користење.
Локациите за поставување на урбаната опрема се за следната намена:
I. Локации за поставување урбана опрема – фрижидери за продажба сладолед 13 локации
Поставување фрижидери за продажба на сладолед се предвидени на следните локации:
по должината на KEJ„Македонија“ вкупно 11 локации – 1(1а), 2(2а), 3(3а),4(4a), 5(5a), 6(6a), 7(7a), 8(8a), 9(9a),10(10a) и 11(11a)
на плоштад „Крушевска Република“ вкупно 1 локација – 12(12а)
на ул.,,Климент Охридски,, вкупно1 локација – 17(17а)
На секоја локација можат да се постават максимално по 2 (два) стандардни фрижидери, стандардна корпа за отпадоци и чадор за сонце, на простор со површина 4м2 Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за поставување урбана опрема во Општина Охрид за 2021 година.
II. Локации за поставување урбана опрема за продажба книги – 5 локации:
Локациите за продажба книги се наоѓаат на просторот меѓу комплекс Летница и ТЦ Амам, тротоар на ул. “Македонски Просветители” вкупно 5 локации (1,2,3,4,5)
Продажбата на книги ќе се извршува на простор со површина 4м2. Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021 година.
III. Локации за поставување урбана опрема за продажба уметнички слики – 4 локации
Локациите за продажба уметнички слики се наоѓаат на малиот плоштад кај Долна Порта, вкупно 4 локации (1,2, 3 и 4)
Продажбата на уметнички слики ќе се извршува на простор секој со површина 4м2. Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за поставување урбана опрема за 2021 година.
IV. Локации за поставување урбана опрема (забава на отворено) – 5 локации:
Поставувањето на реквизитите за забава предвидени се
по должина на улица Кеј Македонија пред Хотел “Палас” вкупно 5 локации (лок.1, лок.2, лок.3,лок. 4 и лок.5) со димензии 4.00м х 12.00 м
Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за поставување урбана опрема во Општина Охрид за 2021 година.
Локациите за поставување на урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 90 (деведесет) дена.
VI. Почетна цена за издавање на локација е:
локација за фрижидери за продажба на сладолед со почетна цена од 5.000.оо (петилјади) денари/месечно по локација (на една локација може да се постават по два стандардни фрижидери, стандардна корпа за отпадоци и чадор за сонце);
локација за продажба на книги со почетна цена од 5.000.оо (петилјади) денари/месечно;
локација за продажбана уметнички слики со почетна цена од 8.000.оо (осумилјади) денари/месечно;
Локација за поставување на реквизити за забава со почетна цена од 250,оо (двестаипедесет) денари по м2 месечно.
6.1 Почетните цени за издавање на локациите се однесуваат за период од 30 (триесет) дена.
6.2 Во почетната цена за издавање на локација не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија.
6.3 Трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.
6.4 Трошокот за комунална такса изнесува 7,00(седумденари) од м2 дневно.
6.5 Договорите со најповолните понудувачи за точка I, II,III и IV ќе се склучуваат за период од 90 (деведесет) дена.
6.6 Поставувањето на урбаната опрема дозволено е да отпочне по добивање на Одобрение за поставување на урбана опрема од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште.
VII. Доставување на понуди
7.1 Понуди можат да достават физички и правни лица, и тоа
Правно лице кое има регистрирно деловно седиште во општина Охрид и кое не е во постапка на стечај или ликвидација (Решение од ЦР на РСМ не постаро од 6 месеци)
физичко лице кое е жител на општина Охрид
Правното или физичкото лице има право да аплицира на јавниот оглас само за една од локациите предвидени во Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021.
На избраниот најповолен понудувач му се забранува изнајмување или пренесување на правото на користење локациите за поставувае на урбаната опрема на трети лица.
7.2 Понудувачот треба да достави:
Понуда на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на општина Охрид или на веб страната на општината www.ohrid.gov.mk
Уплатница на име депозит за учество на износ од 3.000.оо (триилјади) денари. Уплатата се врши на следната сметка:
Трезорска сметка: 100000000063095
Уплатна сметка: 84015206553
Приходна шифра: 723914 Програма 00
За правни субјекти
Потврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на РСМ или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение не постара од 6 месеци);
Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на локација; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);
За физички лица
Фотокопија од лична карта
§ Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на локација; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);
