Од четврток полициски час од полноќ

Вечерва  поради верскиот празник Рамазам Бајрам граѓаните без никакви ограничувања ќе можат да се движат во текот на ноќта.

Од четврток пак, стапува на сила нова олеснителна мерка со која полицискиот час ќе почнува од полноќ и ќе трае до 5 часот изутрина. Ваква одлука донесе Владата, со што се олабавуваат дел од рестриктивните мерки коишто беа на сила поради пандемијата со Ковид-19.
Угостителските објекти ќе може да работат до 23.30 часот. Од утре, сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор. Од денес се отвараат и вежбалните, фитнес центрите и теретаните.

Mинистерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека новите мерки предложени од Комисијата за заразни болести се врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во земјата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани