Во Вевчани ќе се доградува канализационата мрежа.

-Во Министерството за животна средина и просторно планирање потпишавме Договор за доделување на финансиски средства за изработка на техничка документација за доградба на канализациони линии во општина Вевчани. Со овој проект ќе се доврши изградбата на канаизационите линии во општината, информира Сашо Јанкоски градначалник на општина Вевчани.
