Судот му пдредил 30 дневен притвор.
На 12.05.2021 година во ОВР Струга приведен и задржан е Н.А.(56), од кичевското село Трапчин Дол, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
– Од страна на судија на претходна постапка при Основниот суд во Струга, одредена му е мерка притвор од 30 дена, по што е спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Охрид“, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

