ИПА Охрид ја реафирмира идејата за вело поврзување на Охрид и Струга

Во организација на ИПА Охрид, денес се реализира вело турата Охрид – Радожда.

Претседателот на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА)-регион Охрид м-р Стефан Димоски, на својот ФБ профил меѓу другото напиша дека велосипедската тура „упати порака до надлежните локални самоуправи да се заложат, велосипедското поврзување на Охрид, Струга и Радожда да стане реалност“.

Денеска, сите заедно ја реафирмиравме идејата која, во 2016 година, како тогашен претседател на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот (ОСБСП) Охрид, ја иницирав за велосипедско поврзување на двата крајезерски града-Охрид и Струга со функционална велосипедска патека. И тогаш и сега, сметам дека овој проект има непроценливо значење за развој на туризмот и велосипедизмот во двата македонски туристички бисери и огромен бенефит за охриѓани, стружани но и туристите од Македонија и светот. Денеска, со рекреативното велосипедско патување Охрид-Струга-Радожда, ИПА Охрид направи свој обид за промовирање на овие атрактивни туристички дестинации и упати порака до надлежните локални самоуправи да се заложат, велосипедското поврзување на Охрид, Струга и Радожда да стане реалност, напиша на својот ФБ профил, претседателот на ИПА Охрид, Стефан Димоски и додаде:

„Како претседател на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА)-регион Охрид, искажувам голема благодарност до членовите на ИПА но и до граѓани од Охрид и Струга со кои, денеска ја реализиравме рекреативната велосипедска тура Охрид-Радожда-Охрид. Денеска, сите заедно ја реафирмиравме идејата која, во 2016 година, како тогашен претседател на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот (ОСБСП) Охрид, ја иницирав за велосипедско поврзување на двата крајезерски града-Охрид и Струга со функционална велосипедска патека. И тогаш и сега, сметам дека овој проект има непроценливо значење за развој на туризмот и велосипедизмот во двата македонски туристички бисери и огромен бенефит за охриѓани, стружани но и туристите од Македонија и светот. Денеска, со рекреативното велосипедско патување Охрид-Струга-Радожда, ИПА Охрид направи свој обид за промовирање на овие атрактивни туристички дестинации и упати порака до надлежните локални самоуправи да се заложат, велосипедското поврзување на Охрид, Струга и Радожда да стане реалност.
Тргнавме утрово од градското пристаниште во Охрид, имавме пријатно време да возиме по крајбрежието на Охридското езеро, по стариот пат Охрид-Струга и потоа низ живописните зелени предели кај Калишта, хотелите „Бисер“, „Изгрев“ и „Макпетрол“ до преубавата Радожда. Познатиот ресторан „ДИНГА“ во Радожда и Мики, ни овозможи едночасовен одмор и освежување на терасата со неповторливиот и атрактивен поглед кон Охридското езеро. За мене, оваа вело дружба беше незаборавна и затоа што за прв пат возев на подолга релација. ИПА Охрид, веќе размислува за нови идеи и нови дружби.“

Можно е да е слика од стоење, велосипед и надвор

Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе кои стојат, people riding bicycles, велосипед и road

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани