СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.(52) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,измама“ и ,,злоупотреба на лични податоци“.
Тој, во периодот февруари-април оваа година, кога издржувал казна затвор во Казнено поправната установа „Затвор“-Штип, со намера да стекне со противправна имотна корист, преку лажен фејсбук профил, остварил контакт со Г.П. од Охрид и доведувајќи го во заблуда, го убедил да обезбеди валидни лични податоци и документи од трето лице, кои подоцна ги злоупотребил за подигнување кредит од финансиско друштво кое се занимава со издавање брзи кредити, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
