Здравески: СДСМ и Георгиески не направија ништо за младите и спортот во Лескоец

Власта на СДСМ заедно со Агенцијата за млади и спорт ветуваа развивање на спортот, особено кај младинските категории во Охрид, рече Александар Здравевски, претседател на УМС Охрид во врска спортските игралишта во Лескоец.

 

Од ова место во Лескоец ветуваа значителни инвестиции во спортската инфраструктура како и фудбалски стадион со кој ќе се гордеат сите.

Но од ултра модерниот стадион за жал нема никаква трага.

Сликата којашто може да се види тука, но и на сите други спортски игралишта е дека тие се во катастрофална состојба.

Никаква трага нема ниту од реконструкција на детското игралиште, ниту е изградена спортска сала во рамките на училиштето.

Ова ли е грижата за најмладите и спортот?

СДСМ и Георгиески не изградија ниту едно современо спортско игралиште, рече Здравески. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани