Здружението Инклузија организира мултикултурна визита.
Мултикултурната визита ќе се одржи денес (22/05/2021 година), на терасата на ресторанот „Томато” во непосредна близина на градскиот плоштад, со почеток во 12:00 часот.
Овој настан е последна активност во рамките на проектот “Низ една призма – сите сме исти”, кој здружението за мултикултурна интеграција “Инклузија” го спроведуваше од почетокот на годинава, со финансиска поддршка на програмата CIVIKA MOBILITAS и Швајцарската агенција за развој. Од јануари досега, низ работилниците за мултикултурализам, толеранција, градење мостови на соработка, меѓусебно разбирање, мултиетнички и интеркултурен дијалог, борба против говорот на омраза, стереотипите, предрасудите, мултикултурниот камп и толерантното кафе поминаа над 200 учесници. Тие заедно работеа на создавање позитивна клима за промени во мултиетничка средина како што е Охрид, затоа што тие ќе бидат идни лидери и носители на одлуки.
