Млади охриѓани фатени со нож, боксирач и марихуана.
-На 22.05.2021 година во 00.25 часот, во СВР Охрид, приведен е М.А.(23) од Охрид поради непристојно и агресивно однесување кон полициски службеник. При извршен преглед, кај него пронајдени и одземени се еден остар предмет и еден метален боксирач. Против него, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.Во одделен случај на 22,05,2021 година во 00,15 часот, на булевар „Туристичка“ во Охрид, извршен е преглед врз Х.Б.(22) од Охрид при што, полициските службеници пронајдоа и одзедоа еден метален нож и една најлонска опаковка со опојна дрога марихуана. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на охридската полиција Стефан Димоски.
