Кривична за дивоградба во село Велестово

Кривична за дивоградба во село Велестово.

 

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „симнување или оштетување на службен печат или знак“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Б.(57) и В.Б.(58), двајцата од охридското село Велестово. Пријавените во текот на 2021 година на катарстарска парцела во селото, без дозвола и одобрение од надлежен орган, започнале градба на станбен објект. По извршениот инспекциски надзор, овластен градежен инспектор донел решение за отстранување на градбата, а на градилиштето поставил службена лента за негово затворање. Пријавените, неовластено и незаконски ја отстраниле лентата по што, продолжиле со градежните активности, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани