Се уредува тротоарот на улица ,,Асном”

Се уредува тротоарот на улица „АСНОМ“ од крстосницата со булевар „Туристичка“ до пресекот со улица „Кеј Македонија“.

Се поставува нова тампон подлога и се врши прередување на веќе поставените бехатон плочки. Поради значителни оштетувања, на одредени места се поставуваат и нови бехатон плочки. Активностите се дел од програмата за уредување на градежно земјиште, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Во текот на наредниот период планирано е уредување на тротоарите на уште неколку улици во градот каде што има значителни оштетувања.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани