Со вино од дното на езерото ќе се разладуваат гостите во Трпејца

Со вино од дното на Охридското езеро ќе се разладуваат гостите во Трпејца.

Виното е сместено на дваесеттина метри длабочина на дното на Охридското Езеро. Нуркачите од Клубот за подводни дејности од Охрид ја поставија специјалната метална корпа за сместување на виното во водите на Езерото недалеку од брегот кај селото Трпејца. Внатре ќе бидат поставени 250 шишиња вино на „Далвина“, што ќе се послужуваат по желба на гостите во ресторан „Рибар“  во Трпејца.

Идејата не е нова, такви искуства веќе се достапни за туристите на неколку локации во областа на Средоземјето, но ова е првпат на Охридското Езеро.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани