Организираната група украла 1147 квадрати дрво.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „пустошење шуми, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(48) од струшкото село Мислодежда, како и против албанските државјани В.Л.(35), Б.Т.(35), и А.Т.(26) за сторени казнени дела „пустошење шуми“ и „кражба“. Пријавениот С.М. во својство на директор на правно лице од Струга, неовластено ги ангажирал албанските државјани за сеча на дрва за која немал одобрение од надлежен орган.
–Тие се затекнати во нелегална сеча во шумски појас во атарот на селото Песочан-општина Дебарца и приведени од страна на полициските службеници по што, констатирано е дека од почетокот на оваа година, опустошиле 1147 метри кубни буково, дабово и индустриско дрво. Со тоа, пријавените, на Јавното претпријатие „Национални шуми“ и на Шумското стопанство „Галичица“-Охрид, им предизвикале материјална штета од околу два милиони денари, соопшти м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

