Пожарот избувнал ноќеска а од чад се повредени седум лица.
Денеска (28.05.2021) во 00.36 часот во СВР Охрид, пријавено е дека настанал пожар во три патнички моторни возила во подрумски простории од зграда на улицата „Ново Проектирана“ во Охрид.
– Според пријавеното, станарите биле евакуирани, а шест од нив и еден пожарникар поради задушување од чад, се пренесени во Медицински центар Охрид за укажување лекарска помош. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
